Генералниот секретар на косовска партија УАПСЕН ПА ПУШТЕН на македонско-косовската граница

t

Лидерот на косовската Социјалдемократска партија, Дардан Молиќај објави дека генералниот секретар на партијата, Нол Нуши бил уапсен на границата меѓу Косово и Македонија, поради случај од 2016 година.

„Нуши е секој ден во Приштина, дома и во канцеларија. Како ја најдоа границата да го запрат и да го уапсат? Чија е оваа наредба? Овој стил на апсење има само едно објаснување: замор на активисти. Тој метод отсекогаш ја имал оваа функција. Не се работи за опстојување на правдата“, напишал Молиќај на Фејсбук.

Според него, Нуши бил приведен поради случај од 2016 година и посочил дека нема докази дека активистите на движењето „Самоопределување“ биле запирани или опструирани.

Молиќај побарал Нуши веднаш да биде ослободен и да се покрене истрага за овие дејствија, кои тој ги нарече „произволни“.

Во меѓувреме се огласи и самиот Нуши. Информира дека бил пуштен по два часа.

-Ме ослободија по двочасовно запирање на косовско-македонската граница. Ме запреа поради случај во 2016 година како активист на Самоопределување. Она што го разбрав е дека само активистите на СДП се запираат, објави на Фејсбук генсекот на косовската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Остар пад на Волстрит: Се избриша постизборниот…

Американските берзи забележаа силен пад во четвртокот,…

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите…

Барнам: Путин нема да биде поканет на…

Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…

Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…