Георгиевски: Ако не веруваме во себе, тогаш подобро ич да не одиме на СП!
Македонската ракометна репрезентација со победа и пораз ги заврши двете контролни средби против Црна Гора во Маврово, што беа први пресметки за избраниците на селекторот Кирил Лазаров во подготовките за претстојното СП 2023 во Полска и Шведска.
Македонија е во тешка прелиминарна група и тоа против Норвешка, Холандија и Аргентина, има подмладен состав, но и покрај тоа нашите репрезентативци немаат намера да отпатуваат со бели знаме во Краков, каде што ќе ги играме групните средби.
„Групата е тешка, но ако не веруваме во себе тогаш подобро да не одиме на СП. Лесни противници повеќе нема, но во Краков не одиме со бело знаме, туку да се пласираме во главната рунда. Имаме голем број репрезентативци од домашното првенство, што не мора да биде само недостаток, туку може да биде и предност бидејќи доста од нив играат во ист клуб и добро се познаваат. Тоа важи за нас од Вардар, а тука се и ракометарите од Алкалоид, како и од Пелистер. Го играме истиот систем и во клубовите и тоа може да ни помогне да дојдеме подобро воиграни на СП“, вели десното крило на националниот тим, Гоце Георгиевски.
Тој е задоволен од начинот на кој се одработени подготовките и е радосен од начинот на кој работеа помладите чие време допрва доаѓа.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сообраќајка на крстосница во Скопје – настрада…
МВР информира дека синоќа околу 20:40 часот…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Ислам Абази нема повторно да се кандидира…
На истекот на четиригодишниот мандат, актуелниот шеф…
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
Нема место за јавнообвинителско постапување во набавката…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…