Герасимовски: Јас и советниците од СДСМ нема да ја поддржиме донацијата што ја бара МПЦ
Во врска со реакциите поврзани со предложената точка на дневен ред за донирање финансиски средства на „Македонска православна епархија за Европа – Берлин“, Општина Центар апелира до граѓаните да не подлегнуваат на инсинуации и шпекулации со кои се доведуваат во заблуда граѓаните дека општината или градоначалникот одобриле донација.
Градоначалникот Герасимовски соопшти дека тој и советниците на СДСМ нема да гласаат за донацијата, а законска обврска е секое барање за донација да се стави на гласање. Општина Центар останува посветена на одговорно управување со буџетските средства и реализирање на проекти кои директно ги подобруваат условите за живот на сите наши граѓани.
Во продолжение, интегралниот текст од ставот на градоначалникот Герасимовски
Во врска со реакциите за предложената точка на дневен ред за донирање на финансиски средства на ,,Македонска православна епархија за Европа – Берлин, апелирам граѓаните да не подлегнуваат на инсинуации и шпекулации. Моја законска обврска е барањето да го проследам до Советот. А став на советниците на СДСМ и мој личен став е дека нема да поддржиме проекти од буџетот на општина Центар кои не се во интерес на граѓаните на општината“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…
Обвинение и притвор за лице кое физички…
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…
СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…
Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…
„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…
На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…
Во овој момент за нула евра сме…