Герашченко: Русија наскоро ќе има нов претседател
Украинскиот советник за внатрешни работи, Антон Герашченко, во врска со ноќешниот бунт на групата „Вагнер“ против руското раководството, денеска на каналот Телеграм го сподели соопштението на вагнеровците во кое се наведува: „Путин направи погрешен избор. Толку полошо за него. Наскоро ќе имаме нов претседател“.
Руските канали на Телеграм јавуваат дека „војниците на „Вагнер“ влегле во Воронеж и се на периферијата на Краснодар и Волгоград и дека никој не им дава отпор“.
Како потсетување, во раните утрински часови група платеници на „Вагнер“, под водство на Пригожин, почнаа вооружен бунт, окупирајќи го градот Ростов-на-Дон.
Според Пригожин, нивната крајна цел е влегување во Москва.
Добивајте ги најновите вести во нашите групи на Вибер и Телеграм и дебатирајте во Телеграм групата за дебата на Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во…
Во Полска на 20 ноември експлодирале три…
НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…
Претставници на 32-те земји членки на НАТО…