Германија бара Русија да ги отстрани руските воени бази во Сирија
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која денеска пристигна во ненајавена посета на Дамаск, изјави дека Русија треба да се откаже од своите воени бази во Сирија.
Според неа, ваквата одлука наводно би покажала почит кон суверенитетот на Сирија.
„Германија и нејзините меѓународни партнери сакаат да обезбедат внатрешниот сириски процес да не биде нарушен однадвор… Ова исто така вклучува и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет од страна на сите соседни држави. Исто така, време е Русија да се откаже од своите воени бази во Сирија“, рече Бербок за време на нејзината посета на арапската република, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Министерот додаде дека Германија и нејзините „меѓународни партнери“ си поставиле цел Сирија повторно да стане почитувана членка на меѓународната заедница, безбедна земја која целосно ја контролира нејзината територија.
Барбок денеска пристигна во Сирија заедно со нејзиниот француски колега Жан Ноел Баро. Тие во Дамаск се сретнаа со шефот на новата сириска администрација Ахмед ал Шара.
Бербок и Баро се првите европски министри за надворешни работи кои ја посетија Сирија откако претседателот Башар ал Асад ја напушти функцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…