Објавено на:

Германија ги троши последните резерви на гас: Се апелира граѓаните да штедат за да нема ограничувања

t

Германската мрежна агенција апелираше до граѓаните да штедат гас бидејќи во спротивно ќе се соочат со ограничувања не само во индустрискиот туку и во приватниот сектор како намалување на гасот за едночлените домаќинства, додавајќи дека сегашните залихи може да бидат доволни само за до крајот на летото или рана есен.

– Мислам дека неограничените испораки за приватниот сектор нема да бидат оправдани во случај на вонредно снабдување со гас, изјави за Ди цајт, Клаус Мулер, директор на Сојузната мрежна агенција.

Тој конкретно ги спомна „големите станови во кои живее само едно лице” како и користењето сауни.

И покрај европските упатства за специјална заштита на приватните домаќинства, болниците и топланите на гас во случај на недостиг, Мулер рече дека има ситуации во кои не би било можно да се заштити приватниот сектор.

– Доколку војната во Украина ескалира и владата воведе алармантна ситуација, тогаш ќе дојде време за редукции во приватниот сектор, рече Мулер.

Тој рече дека во случај на итност треба да се утврди кои индустриски сектори треба да бидат заштитени, а истовремено ги издвои прехранбената и фармацевтската индустрија.

Мулер рече дека вонредната ситуација со снабдувањето со гас може да се избегне само со намалена потрошувачка, зголемен увоз на гас од други извори и полнење резервоари.

– Ако не успееме, моментално во резервоарите има само гас до крајот на летото или почетокот на есента, рече Мулер.

Федералната мрежна агенција со седиште во Бон е виша државна канцеларија чија задача е одржување и поттикнување на т.н. мрежни пазари, вклучително и дистрибуција на електрична енергија и гас.

Од почетокот на војната во Украина, Германија напорно р аботи на намалување на зависноста од рускиот гас. Првиот германски терминал за течен гас треба да биде готов до крајот на годинава.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска не се откажува од барањето за…

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски во…

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Бербок: Германија не може да прифати Кина…

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска…

Зеленски удри по Шолц: Не ни дава…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше…

Инфлацијата во Германија се намали за дополнителни…

Инфлацијата во Германија дополнително се намали во…