Германија избрка двајца ирански дипломати поради изречена смртна казна на германски државјанин
Германското Министерство за надворешни работи денеска прогласи двајца ирански дипломати во Германија за непожелни лица и ги протера, што е реакција на вчерашната смртна пресуда за германско-ирански државјанин во Иран.
„Поради вчерашната смртна пресуда за Џамшид Шармахд, поканив претставник на иранската амбасада да разговара со нив, кој беше информиран дека Сојузна Република Германија нема да трпи масовно кршење на човековите права врз германски граѓани“, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.
Во исто време, двајца ирански дипломати беа прогласени за непожелни лица, со инструкции што поскоро да ја напуштат Германија. Баербок ги повика иранските власти да ја преиспитаат смртната казна изречена на Шармахд и да му дозволат фер преиспитување на судењето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 27.000 домаќинства иселени присилно во Германија…
Во Германија минатата година биле спроведени 27.446…
Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапо…
Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапа…
Иран тврди дека погодил американски Ф-16 над…
Иранската војска соопшти дека нејзиниот систем за…
Иран сака крај на војната, но бара…
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…
Германија: Поради финансиски и безбедносни проблеми откажани…
Повеќе божиќни базари низ Германија нема да…