Германија најави нов закон и делумна легализација за поседување и одгледување на канабис
Германската влада најави законски измени кои ќе овозможат ограничена легализација на поседувањето и одгледувањето канабис, но плановите не одат толку далеку колку што првично беше најавено.
„Предлог-законот предвидува неказнивост за поседување до 25 грама марихуана и три стебленца канабис“, се вели во предлог-законот претставен во Берлин од министерот за здравство Карл Лаутербах (Социјалдемократската партија на Германија, СПД) и министерот за земјоделство Џем Оздемир ( Зелените), објави Хина.
Понатаму, ограниченото ослободување на канабис ќе биде дозволено во посебни здруженија и со строга контрола на количината. Лаутербах и Оздемир рекоа дека главната цел на законските измени е да се намали нелегалниот пазар на опијати.
„Никој никогаш не треба да добива дрога од дилер што не знае што купува“, рече Лаутербах. Оздемир рече дека сегашната политика „целосно ја промашила својата цел“, што го покажува и зголемувањето на бројот на кривични пријави за злоупотреба на дрога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
РЕЧИСИ 50 МИЛИОНИ ЕВРОПЕЈЦИ НЕ МОЖАТ ДА…
Речиси 50 милиони жители на Европската Унија…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Индискиот извоз на оружје во Европа пораснал…
Индија од 2023 година наваму продала на…