Германија најавува нов пакет од 1,3 милијарди евра воена помош за Украина

t

Германија ќе ја поддржи Украина со уште еден пакет воена помош вреден 1,3 милијарди евра, кој ќе вклучува четири дополнителни системи за воздушна одбрана ИРИС-Т, изјави денеска во Киев германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

„Пакетот за поддршка ќе вклучува и 20.000 артилериски гранати од 155 милиметри, како и противтенковски мини“, рече Писториус на средбата со неговиот украински колега Рустем Умеров, пренесе Ројтерс.

Досега Берлин се обврза да испорача осум системи IRIS-T во Киев, од кои три се веќе испорачани.

Германија е вториот најголем снабдувач на воена помош за Киев по САД.

Канцеларот Олаф Шолц минатиот месец вети дека Германија ќе продолжи да му дава помош на Киев, инсистирајќи дека ќе ја поддржува Украина се додека е потребно, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…