Германија спречи нови санкции против Русијa
ЕУ не постигна договор за 14-тиот пакет санкции против Русија, откако Германија изрази резервираност за клаузулата за подружници и партнери од трети земји за германската економија, пренесува Ројтерс.
Официјални лица од 27-те земји на ЕУ повеќе од еден месец дебатираат за пакетот санкции што вклучува забрана за претовар на руски течен природен гас и план операторите на ЕУ да бидат одговорни за прекршување на санкциите од страна на филијали и партнери во трети земји.
Како дел од пакетот санкции, ЕУ, исто така, требаше да им забрани на бродовите кои придонесуваат во воените напори на Русија да влезат во нејзините пристаништа.
Амбасадорите на ЕУ требаше да разговараат и да одлучуваат за ова прашање, но темата за санкциите во последен момент беше повлечена од дневниот ред на состанокот.
Следната средба на амбасадорите е закажана за в среда.
Според Ројтерс, Унгарија очигледно била подготвена да го прифати 14-тиот пакет санкции против Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Германската агенција за вработување се противи на…
Германската влада планира да ја преполови квотата…