Објавено на:

Германија ќе го апси Путин ако стапне на нивна територија

t

Претседателот на Русија ќе биде уапсен доколку ја посети Германија, изјави германскиот министер за правда Марк Бушман, пренесува „Ди Цајт“.

„Очекувам МКС брзо да стапи во контакт со Интерпол, како и со земјите-учеснички и да побара од нив да го исполнат барањето. Тогаш Германија ќе биде обврзана да го уапси претседателот Путин кога ќе влезе на германска територија и да го предаде на МКС – изјави министерот за правда.

Тој додаде дека ќе го исполни барањето на МКС ако „стапалата на Путин стапне на германска територија“, бидејќи земјата е под јурисдикција на судот.

Пред два дена, предистражниот совет на Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин и омбудсманката за правата на децата Марија Лвов-Белова. Тие се осомничени за вмешаност во „незаконски извоз на деца од Украина“.

Американскиот претседател Џо Бајден ја нарече оваа одлука оправдана, иако неговата земја, како и другите земји – Кина, Индија, Израел, не ја признаваат јурисдикцијата на МКС. Вашингтон постојано го обвинуваше судот за корупција и воведува санкции против неговите вработени.

Како што нагласи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, самото покренување на прашањето за апсењето на Путин е неприфатливо – Москва не ја признава јурисдикцијата на МКС и смета дека секоја нејзина одлука е ништовна од гледна точка на законот, пренесе РИА.

Во меѓувреме Владимир Путин по посетата на Крим го посети и Мариупол. Возејќи го својот автомобил, претседателот на Русија посети неколку нови станбени квартови, разговараше со граѓаните, ги посети реновираната зграда на Филхармонијата, аеродромот и морскиот брег во Мариупол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата во Германија се намали за дополнителни…

Инфлацијата во Германија дополнително се намали во…

ХАОС ВО ГЕРМАНИЈА: Повлечен дрес поради сличност…

Производителот на спортска опрема Адидас и Германскиот…

Постарите од 18 години ќе можат да…

Легализацијата на канабисот за лична рекреативна употреба,…

На европската економија ѝ се заканува троен…

Европа не е позната по својата живост,…

Марихуаната ќе биде легална во Германија од…

Поседувањето и одгледувањето канабис во домашни услови…