Германија ќе ја вооружува Украина? Шолц доби поддршка од коалиционен партнер за испраќање на оружје
Германскиот канцелар Олаф Шолц ја доби поддршката од помалиот коалициски партнер, Либерално-демократската партија (ФДП), во врска со неговата претпазлива политика за испорака на оружје за Украина.
Веќе подолго време Украина бара тешко оружје со цел спротиставување на руската инвазија, но Шолц засега одбива да го стори тоа. Наместо тешко оружје, тој нуди противтенковски одбранбени оружја, гранати, дронови, заштитна опрема и муниција од индустриски залихи. Најтешко оружје во понудата: 12 минофрлачи со калибар од 120 милиметри и максимален дострел од 7,5 километри.
– Олаф Шолц е одговорен лидер кој внимателно ги мери опциите и донесува одлуки врз основа на тоа. Канцеларот ужива целосна поддршка од ФДП, рече претседателот на оваа партија Кристијан Линднер, преку видео врска на партиската конвенција на германските либерали, која викендов се одржува во Берлин.
Линднер особено ги критикуваше германските демохристијани од ЦДУ/ЦСУ, кои најавија дека во Бундестагот ќе го покренат прашањето за испорака на тешко оружје за Украина. – Унијата ЦДУ/ЦСУ првенствено се занимава со доведување на коалицијата во неволја и на тој начин дестабилизирање на владата, рече Линднер.
Претседателот на опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, побара од Олаф Шолц следната недела да се обрати пред Бундестагот во врска со владиниот став за Украина и испораката на оружје. Во спротивно, пратеничката група на демохристијаните во Бундестагот ќе поднесе сопствено барање за испорака на тешко вооружување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Германската агенција за вработување се противи на…
Германската влада планира да ја преполови квотата…
Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…
Германската федерална влада планира широка соработка со…