Германската полиција заплени 2.100 фалсификувани часовници кои требало да се продаваат во Македонија
Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници биле запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, соопшти тамошната полиција.
Во меѓувреме се појавија сомнежи за автентичноста на ваквите вредни предмети кои пристигнале во пратка од Хонг Конг, пишува ДВ.
Дванаесет пакети биле на пат кон Македонија, а биле транспортирани преку аеродром во Германија, пренесува српски „Телеграф“.
Доколу би биле оригинални, часовниците би вределе околу 176 милиони евра, се вели во соопштението на германската Царинска служба.
Цариниците ги откриле часовниците во октомври, но квалитетот на фалсификуваните часовници бил толку висок што царинската служба побарала мислење од 11 производители на луксузни часовници.
-Често лажните часовници не можат да се препознаат на прв поглед, вели Кристи Штрас, портпаролка на Царината на аеродромот во Франкфурт.
Таа додава дека веќе се уништени лажните часовници.
Минатата година главниот царински оддел во Франкфурт покрена постапки за дури 8.958 гранични заплени.
Царинските службеници заплениле часовници, лекови, телефони, електроника, облека, обувки, но и производи за лична нега и играчки за деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германската агенција за вработување се противи на…
Германската влада планира да ја преполови квотата…
Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…
Германската федерална влада планира широка соработка со…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…