Германскиот министер за финансии: Русија е виновна за глобалните економски проблеми
Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер денеска оцени дека Русија е виновна за глобалните економски проблеми.
Линднер на маргините на есенското заседание на ММФ во Вашингтон, според германските медиуми нагласи дека кризата не е предизвикана од санкциите на Западот, туку од руската агресија врз Украина.
„Само Русија е одговорна за сегашните макроекономски ризици“, нагласи Линднер.
Тој предупреди на опасноста од должничка криза во земјите во развој, како и на проблемите во снабдувањето со храна и економската стабилност.
„Русија е причината за сето ова“, нагласи Линднер.
Тој додаде дека не може да има враќање на вообичаената форма на соработка со рускиот претседател Владимир Путин додека тој не ја повлече војската од Украина. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Мртво бебе оставено во торба на улица…
Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…