Германски економист: Ова е еден од најодлучните чекори кон распадот на ЕУ

t

Создавањето економски фонд од 200 милијарди евра од Германија е показател дека Берлин не го интересира дали другите членки на ЕУ имаат такви финансиски средства за поддршка на економијата, смета економистот Јарослав Шулц.

– Ова е еден од најодлучните чекори кон распадот на Европската унија од нејзиното основање – рече тој во интервју за Parlamentní listy.

Шулц нагласи дека постапките на германските власти покажуваат дека заедничките европски интереси не се нивен врвен приоритет, а Берлин само ќе ја зајакне својата хегемонија во ЕУ за време на актуелната енергетска криза.

Роберт Хабек, заменик-канцелар и министер за економија на Германија, претходно изјави дека економијата на земјата се очекува да се намали за 0,4 отсто следната година по растот од 1,4 отсто оваа година.

Новата прогноза е остар пад од претходната прогноза за раст од 2,2 отсто оваа година и 2,5 отсто следната година, пренесува ФТ.

Зголемените цени, недостигот на енергија и тесните грла во синџирот на снабдување ќе предизвикаат намалување на бруто домашниот производ на Германија во последните два квартали од оваа година и во првиот квартал од следната година, рече Хабек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…

ЕУ бара Канада и Велика Британија да…

Европската Унија се подготвува да ги убеди…