Германски фудбалер едвај се спасил од земјотресот: Скокнал од втор кат од зграда
Многу спортисти се засегнати од серијата земјотреси во Турција и Сирија, а по некои се уште се трага.
Под урнатините, загина голманот на турскиот второлигаш Јени Малатјаспор, Ејуп Туркаслан, додека, пак, неговиот соиграч Бариш Башдаш (33), германски фудбалер со турско потекло, едвај се спасил.
Како што пишува германски Билд, во налетот на адреналин при потресот, Башдаш скокнал од терасата од вториот кат, при што, за среќа преживеал. Фудбалерот е тешко повреден и се наоѓа во болница.
Башдаш е роден во Германија каде играше за Хановер, но практично целата кариера ја помина во турски клубови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…