Гинекологот Митко Киров ослободен од обвинение откако на пациентка ѝ ги подврзал двата мочоводи
Основниот суд Струмица го ослободил гинекологот Митко Киров од обвинение за кривичното дело „тешки дела против здравјето на луѓето“. Гинекологот и поранешен пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, според обвинението кое е отфрлено од страна на судот, при вршење на хируршко отстранување на матката – ги подврзал и мочоводите на 43-годишната пациентка Тања Атанасова од Валандово поради што било предизвикано тешко нарушување на работата на бубрезите и доколку таа дополнително не била оперирана, можело да почине, објави „Слободен печат“.
Пациентката Атанасова за „Слободен печат“ изјавила дека е шокирана и незадоволна од првостепената пресуда и бара правда.
Судот пак заклучил дека не е исполнет битниот елемент на делото – дека обвинетиот очигледно несовесно постапувал при извршување на оперативниот зафат и утврдил дека таквото подврзување на мочните канали е честа хируршка компликација. И покрај фактите и сведочењата на пациентката, Судот сметал дека гинекологот Киров, не постапил несовесно и не го извршил кривичното дело „тешки дела против здравјето на луѓето“.
Оваа пресуда сега е обжалена пред Апелациониот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Естонија на 1 декември ќе ја затвори…
По синоќешниот обид за саботажа во естонската…
ОН: До 2100 година Македонија може да…
Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…
(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…
Мајката на момчето кое што е осомничено…
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…