Објавено на:

Ги исплашија: Членки на Советот за безбедност на ОН бараат Талибанците да ги прекинат угнетувачките мерки кон жените

t

Десетина земји-членки на Советот за безбедност на ОН, на маргините на состанокот зад затворени врати за ситуацијата во Авганистан, испратија барање до талибанците да ги прекинат сите угнетувачки мерки против жените во таа земја.

Барањето го објави јапонскиот амбасадор Кимихиро Ишикане во име на 11-те членки на Советот за безбедност (Албанија, Бразил, Еквадор, Франција, Габон, Јапонија, Малта, Швајцарија, Обединети Арапски Емирати, Велика Британија и САД).

Тие земји, исто така, ги повикуваат талибанците да ги почитуваат правата на жените и девојките и да се залагаат за нивно целосно, еднакво и значајно учество и вклучување во сите области на општеството, политиката и економијата, во образованието и јавниот простор.

Декларацијата се однесува на исклучувањето на жените и девојчињата од училиштата и универзитетите и забраната за вработување на жени во национални и меѓународни невладини организации.

Поради оваа последна мерка, невладините организации повеќе нема да можат да дојдат до луѓето, особено жените и девојките, на кои им е најпотребна помош со опрема и витални услуги, се наведува во декларацијата.

Повеќе хуманитарни организации одлучија да ги прекинат своите активности поради таа забрана, која талибанците ја воведоа на 24 декември. Сепак, ОН одлучија да ја продолжат својата операција.

Положбата на жените и девојчињата во Авганистан треба да остане високо на агендата на Советот за безбедност, порачаа потписниците на декларацијата.

Советот за безбедност заседава зад затворени врати за да разговара за ситуацијата во Авганистан.

Ќе разговараме за обединет меѓународен одговор наспроти дејствијата на талибанците. Нашата цел е да спречиме да дојде до хуманитарна катастрофа и да се откажат од забраните насочени кон жените и девојчињата, објави британската амбасадорка Барбара Вудворд на Твитер пред почетокот на состанокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ги повикува амбасадорите и испраќа „силна…

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека…

Седницата на Советот за безбедност на ОН…

За денеска во 15 часот по њујоршко…

Русија бара седница на Советот за безбедност:…

Русија побара да се одржи седница на…

Руските претставници ја напуштија седницата на Генералното…

Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја и…

Почна итната седница на Советот за безбедност…

Во Советот за безбедност на ОН започна…