Главчев му рекол на Мицкоски дека нема да има промена во бугарскиот став

t

Премиерот на техничката влада на Бугарија, Димитар Главчев, разговарал со Христијан Мицкоски за време на самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.

„Разговараме на секој форум на кој се среќаваме и јас му реков: Ајде малку да ја намалиме острината, говорот на омраза не треба да продолжи, да почнеме со него“, соопшти Главчев за средбата, пренесе „БНР.бг“.

Главчев му рекол на Мицкоски дека нема да има промена во бугарскиот став.

„Нема промена во нашиот став. Но, да почнеме со добрите европски манири и добриот тон што треба да се применува меѓу земја членка и земја кандидат“, рекол Главчев.

Тој повтори дека постои компромис потпишан уште во 2022 година и дека позицијата на Бугарија по ова прашање е непроменета.

Главчев и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, претходно деновиве разговарале телефонски, при што Главчев за време на разговорот за Македонија рекол дека со неевропско однесување не може да се постигнат европски резултати. Бугарскиот премиер истакнал дека Бугарија ја поддржува европската интеграција на Република Северна Македонија под услов да се почитуваат договорите од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу двете земји од 2017 година, како и спроведувањето на клучните реформи поврзани со владеењето на правото и добрососедските односи.

Димитар Главчев бил категоричен дека во бугарското општество има целосно едногласност на оваа тема и дека ниеден бугарски премиер, без разлика дали е привремен или редовен, нема да поддржи став поинаков од оној што официјално го усвои Народното собрание. Премиерот Главчев изјавил и дека Бугарија останува посветена на европската перспектива на регионот, но неопходно е да се надминат разликите преку конструктивен дијалог и меѓусебно почитување, пренесуваат медиумите во Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…

Урсула фон дер Лајен на турнеја низ…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Макрон нареди изработка на план за заштита…

Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот изјави…

Европа останува без нафта од Саудиска Арабија…

Саудиска Арабија ги информирала европските рафинерии дека…

Ѕвончето на Детската клиника уште еднаш заѕвони:…

Ѕвончето на Клиниката за детски болести уште…