„Гласен текстител“: За нормален семеен живот потребни се 72.300 денари

t

Пресметките на „Гласен текстител“ објавени денеска покажаа дека плата за живот, а не минималец, за да има социјална правда и доволно средства за егзистенција на работниците и да се прехрани едно четиричлено семејство, потребни се 72.300 денари месечен буџет.

Според здружението,за разлика од синдикалната кошничка која во моментот достигна 60.000 денари, нивните пресметки се дека оваа сума не е доволна и се потребни минимум 72.300 денари за да се помине месецот.

Кристина Ампева изјави дека во плата за нормален живот освен стандардните параметри здравство, култура, образование, комунални услуги, се калкулираат и трошоците што едно четиричлено семејство ќе ги има за еднаш во годината да си дозволи еднонеделен одмор.

-Ние велиме дека платата треба да вклучува непредвидени трошоци. Пластично кажано, ако се расипе машината за садови или за алишта, да не се вади кредит, како што сега го правиме, туку да се има соодветна заштеда од платата и тоа е некаде околу 10 отсто, рече  Ампева.

Таа посочи дека оваа пресметка покажува дека минималната плата покрива само 29 отсто од трошоците за живот. Од друга страна, просечната плата не ја отсликува реалната состојба, зашто тоа е пресек од највисоки и најниските примања.

Таа забележува дека најблиску до плата за живот се Турција и Полска, а зад нас се Бугарија и Албанија каде минималната плата покрива едвај 20 отсто од месечните трошоци. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5…

Очекуваме годината да ја завршиме со раст…

БДП пораснал за 4,3% во второто тримесечје…

Државниот завод за статистика (ДЗC) објави дека…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Зиков: ДОЗВОЛЕТЕ ДАТА ЦЕНТРИ, не се живее…

*Објава на Фејсбук на Љупчо Зиков Во…

Димовски во ТИРЗ Струмица: Работиме на создавање…

Активно се работи на дополнително подобрување на…