Гнасно: Евакуирана цела болница во Франција – Дедо дошол со граната во ректумот

t

Болница во градот Тулон во јужна Франција во саботата била евакуирана откако 88-годишен пациент се појавил во болницата со експлозивна направа. Мажот во ректумот имал артилериска граната од Првата светска војна, пренесува францускиот медиум Вар-Матин.

Како што пренесува „Јерусалим пост“, гранатата била долга над 20 сантиметри, а широка повеќе од пет сантиметри.

Тоа предизвикало паника во болницата, а таа била евакуирана и пациентите биле префрлени во други болници.

За среќа, се чини дека не носел „жив“ експлозив, бидејќи експертите за отстранување бомби утврдиле дека артилериска граната нема да експлодира во неговиот задник.

Се верува дека причината поради која гранатата завршила во ректумот на повозрасниот маж била од сексуална природа.

-Јаболка, манго, дури и лименки од пена за бричење, навикнати сме да наоѓаме чудни предмети вметнати таму каде што не треба. Но артилериска граната? Никогаш! рекол еден од лекарите, според Вар-Матин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марин Ле Пен профитира од хаосот на…

Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…

Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…

Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…

(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…

Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…

Францускиот премиер свика кризен состанок откако училишните…

Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен…