Гнев во Израел поради најавата за примирје од Трамп
Во Израел владее гнев откако Трамп објави прекин на огнот во Либан пред израелскиот кабинет да гласа за него, јавува израелскиот „Канал 12“.
Според написите, објавата на веста од страна на американскиот претседател се доживува како ново понижување за Израел, бидејќи ниту владата ниту дел од јавноста не сакаа војната да престане сега.
Најавата на Трамп, како што пишуваат медиумите, дојде во време кога израелските сили се уште се на терен во Либан и продолжуваат да напаѓаат цели во таа земја. Според Хаарец, армијата била подготвена да прекине со огнот вечерва, но најавата сепак изненади многумина бидејќи дојде пред самите Израелци да можат да ја објават.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аркин Јахији кандидат на ДУИ за градоначалник…
Демократската унија за интеграција на изборите за…
Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро
Вчера во 18:10 часот во Регионалниот центар…
Вработени во МВР без здравствено осигурување, ФЗО…
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека…
Превозниците ќе чекаат решение за престојот во…
Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе…
Тетовец ги пријавил бабата и дедото дека…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(28)…