Годинава ќе се градат ФИНКИ и “Мајка Тереза”, вели Шаќири

t

Секоја област има своја тежина и важност, но во истовреме се соочуваме со проблеми и предизвици, кажа министерот за образование Јетон Шаќири на годишната конференција „Година за нови можности“. Тој кажа дека предизвиците произлегуваат од фактот што образованието е специфична област, жива материја, на која треба да се прилагодиме поради развојот и сите достигнувања и меѓународни стандарди.

-Треба да се прилагодиме и на негативните појави во образованието, како политичките влијанија. Постоеја предизвици во образовниот процес, најпрвин пандемијата, а потоа разговорите со синдикатите, како и последните сајбер напади. Од овие предизвици утврдивме приоритети, а како најважен е работата со новите образовни програми, тие се во согласност со реформите во основното образование, реформи која е во тек, а приоритет е и Законот за средно образование, односно стручно образование. Со цел реформата да се реализира, иако бевме во криза, ги мотивиравме многу наставниците и професорите. Тука беше покачувањето на платата, предвидовме и бројни обуки преку Бирото за развој на образованието, кои се важни за наставниот кадар, наведе Шаќири.

Според министерот, со концептот на инклузивност, сите се опфатени во образовниот процес.

-Приоритет беа и капиталните инвестиции. Како МОН имаме висок процент на реализација. Има три нови основни училишта, продолжува работењето сега на три други училишни згради, реконструирани беа голем број училишта, а во најава се 30 други. Превидено е и зголемување на процентот за инфраструктурата за високото образование, како за универзитетот „Мајка Тереза“, така и ФИНКИ, вели Шаќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Годинава ќе се градат ФИНКИ и “Мајка…

Секоја област има своја тежина и важност,…