ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада – студентите на протест

t

Студентите и професорите на ФИНКИ пред Владата во импровизирана училница го изразија револтот што и по повеќе од осум години ФИНКИ нема сопствен дом.

„Државата располага со простор во рамки на други државни институции кои што е неискористен, единствено треба да се направи напор да се изнајде истиот и да се преселат Бирото кое што треба да се пресели во канцелариски простор. Нивните потреби не се преголеми. Доколку Бирото има потреба од училница, ние ќе им отстапиме училници за спроведување на било какви обуки, меѓутоа реално не гледам некој голем проблем зошто навистина би било неизводливо дислокација на бирото“, изјави Боро Јакимовски, декан на ФИНКИ.

Министерството за образование и наука (МОН) на средба со ректорот на УКИМ ќе бара факултетите со слободни простории да им ги отстапат на нивните колеги од ФИНКИ за да држат настава, сè додека не се изгради новата зграда.

„Јас како министер имам побарано секогаш дополнителни средства за тие објекти да се изградат. Но, во двата претходни буџети не се обезбедија средства, но се обезбедени дополнителни средства ФИНКИ да има повеќе простории во Техничко технолошки факултет кои тие простории се прилагодени и со буџетот на ФИНКИ и со буџетот на МОН, но ние решение ќе најдеме“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

Села: Прво уставни измени па формирање влада

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села…

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема…

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција…

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…

ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада –…

Студентите и професорите на ФИНКИ пред Владата…