ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР: Се апсат осомничени за силување на деца!
Во голема полициска акција во Тетово и Гостивар, која уште е во тек, уапсени се десетина лица поради основано сомнение дека вршеле сексуална експлоатација на дете.
Од МВР ја потврдуваат акцијата, но детали најавуваат по нејзиното завршување.
Претходно, на почетокот на април, во голема полициска акција беа уапсени деветмина осомничени од Тетово, Скопје и Велес, кои се товарат за полова злоупотреба на немоќно лице и за производство и дистрибуција на детска порнографија. Еден од осомничените тогаш побегна надвор од земјата.
За кривичните дела Трговија со дете и Полова злоупотреба на немоќно лице предвидени се затворски казни од најмалку 8 години, додека за кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија, казната е од три до пет години затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…
Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…