Објавено на:

Голема навреда за шеикот: Меси ќе предизвикаше дипломатски скандал ако не ја облечеше црната наметка

t

„Но зошто? Немаше потреба од тоа“, вели 37. годишниот поранешен аргентински репрезентативец Пабло Забалета, кој како стручен коментатор за Би-Би-Си го следеше финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција.

Светскиот првак со Германија во 2014 година, Бастијан Швајнштајгер за телевизијата АРД, рече дека „Ал Тани на Меси му го украл најголемиот момент во кариерата“.

Има и луѓе кои тврдат дека Меси се однесувал со достоинство и дека од почит кон домаќинот не сакал да предизвика скандал.

Романскиот селектор Ципријан Панаит, кој долги години работи во земјите од Персискиот залив, изјави дека е добро за Меси што ја облекол наметката, бидејќи секоја друга реакција би предизвикала многу проблеми, па дури и дипломатски скандал. Тоа би му предизвикало низа тешкотии во ПСЖ.

„Гледам дека некои од моите колеги дадоа изјави за овој случај и тоа во потполно незнаење. Доколку Меси не ја облечеше таа наметка, тоа ќе беше најголема навреда за катарскиот шеик и ќе дојдеше до дипломатски конфликт. Сите оние што ја коментираа наметката треба да го знаат тоа“, изјави Панаит за романски Дигиспорт и додаде:

„Јас, по шест години во Саудиска Арабија, сакам да кажам дека само владејачката класа ја носи таа наметка, само многу богати луѓе, а кога ја добивате, тоа значи дека сте дел од нивното семејство, значи дека сте добредојдени во тој круг. Тоа е најголемиот можен чин на почит што ви е покажан. Кога емирот на Катар ви го нуди овој подарок, мислам дека никој не може да си дозволи да не го прифати. Меси е во ПСЖ, нели? Знаете ли кој е газда на ПСЖ? Кралското семејство, а не Насер Ал-Келаифи“, заклучи романскиот тренер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меси по осми пат ја доби „Златната…

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ја освои „Златната…