Големи пријатели: Во Грција нападнат македонски свештеник

t

Обединета македонска дијаспора (ОМД) реагира на физичкиот напад кон архимандритот Никодим Царкњас, 80-годишен македонски православен свештеник во Грција од страна на група млади Грци.

Додека возел кон дома, патот на архимандритот Царкњас бил намерно блокиран од две возила, спречувајќи го да го продолжи да вози, точно пред понтискиот „Црноморски клуб на Алмопија” во С’ботско/Аридеја. Откако учтиво побарал од групата да ги преместат возилата што му го блокирале патот, тие почнале вербално да го напаѓаат со лични и верски навреди. Тие потоа го засилиле нападот така што му го оштетиле и го скршиле стаклото од автомобилот и се обиделе да влезат во автомобилот за физички да го повредат. За среќа, архимандритот Царкњас успеал да избегне дополнителна повреда и ја напуштил областа што е можно побрзо. Тој веднаш го пријавил настанот во локалната полиција и поднел тужби против сторителите. Очигледно, ова не беше случаен напад, туку планирано и намерно заплашување на постар човек, соопштија од ОМД.

Ги повикаа грчката Влада, Европската Унија и сите соодветни меѓународни организации за човекови права да го истражат и прекинат заплашувањето на македонските малцинства во Грција.

Од македонската Влада побараа да го осудат нападот и да воспостават политика на нула толеранција за малтретирањето на македонските малцинства и нивните основни човекови права во соседните земји и во светот.

ОМД со почит апелира до грчката Влада, странските делегации во Грција, Хелсиншкиот комитет во Грција и Европскиот суд за човекови права, да стават крај на овие неоправдани напади врз малцинските групи во Грција. Бараме грчките власти да ги осудат членовите на групата што го изврши нападот и да дадат пример со гонење на сторителите до целосна мерка на законот, велат од организацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јеменската армија се повлекува од Баб ал-Мандеб:…

Армијата на меѓународно признаената јеменска влада денеска…

Ирански претставник: Преговорите со САД завршија

Хасан Кашкави, портпарол на Комисијата за национална…

Пронајдено тело на машко лице по гаснењето…

Во пожарот што синоќа пред полноќ избувна…

Бугарската опозиција бара оставка од шефот на…

Пратеничката група на „Демократска Бугарија“ бара оставка…