Голем пожар во Атина – пронајдено едно безживотно тело

t

Безживотното тело на постаро лице, било пронајдено во куќа зафатена од пожарот во областа Кератеа, источниот дел на Атика, поширокиот дел на Атина, информираше попладнево портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис.

Телото на мажот било пронајдено од пожарникарите за време на гаснење на пожарот во куќата во близина на местото од каде што започна пожарот.

Пожарот е активен и вон контрола над три часа во област што не густо населена, меѓутоа во непосредна близина постојат населени места, па затоа од бројот 112 во период беа испратени осум пораки за евакуација на низа населби.

Дополнително, попладнево беше евакуиран и старечки дом, а лицата со возила на брзата помош и автобуси беа пренесени на безбедна локација.

Ватракојанис информираше дека за евакуација на жителите на населените места во околината на огнената стихија помагаат припадници на грчката полиција.

Во пожарот интервенираат 190 пожарникари со седум пешадиски тима, 44 возила и голем број волонтери, а од воздух се гасне со 11 авиони и 13 хеликоптери, од кои два се координација.

Пожарот зафати куќи, а според портпаролот на противпожарната служба, предизвиканата штетата ќе процени откако ќе се изгасне пожарот.

Поради силниот ветер, високите температури и долгата суша, за денеска ви областа Атика, дел од централна Грција и дел од Пелопонез е екстремна опасноста за пожари, објави МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се судрија два противпожарни хеликоптери во…

Во текот на гаснењето на пожарот западно…

Познат адвокат во Атина до смрт претепан…

Во полн ек е истрагата за смртта…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…