Голем пожар кај Елен Камен: Струшките пожарникари се борат со огнената стихија и ветрот

t

Центарот за управување со кризи информира за шумски пожар во непосредна близина на туристичката населба Елен Камен во близина на с.Радожда.

-Се интервенира со 2 противпожарни возила и 6 пожарникари и тројца вработени во ШС Јабланица-Струга.  Гори дабова и ниско стеблеста шума. Проблем во гасењето на пожарот прави и ветерот кој дува преку целиот ден, соопштија од ЦУК на својата Фејсбук страница.

Според ЦУК моментално нема опасност од загрозеност на објекти но поради ветерот екипа на ТППЕ-Струга постојано ќе го контролира опожарениот простор во текот на ноќта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…

Голем колку јајце од ној — лекари…

Лекари во Шри Ланка отстраниле огромен камен…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…