ГОЛЕМ ПОЖАР ја зафати Атина, гори 16 ЧАСА!
Голем пожар што вчера избувна во фабрика за пластика во Атина гори веќе 16 часа, и покрај континуираните напори на пожарникарите да го изгаснат, објави „Катимерини“.
Пожарот продолжува да гори поради огромните количини запаливи материјали што се наоѓале во магацините и во просториите на фабриката.
Од објектот се издига густ чад, а неколку противпожарни екипи веќе втор ден се обидуваат да го изгаснат.
Гаснењето е особено тешко, бидејќи дел од покривот на објектот се урнал за време на пожарот поради високите температури, што значително го зголемува ризикот за пожарникарите. Засега нема повредени.
Утрово беше регистрирано повторно разгорување во магацинот, поради што пожарникарите продолжуваат со напори да ги локализираат жариштата и да спречат ширење на огнот.
Атмосферата во околината е задушлива поради горењето на пластични материјали, а надлежните им препорачуваат на жителите – особено на постарите луѓе и на луѓето со респираторни проблеми – да избегнуваат непотребно движење и да ги чуваат прозорците затворени.
Поради повторното разгорување и тековните операции за гаснење, сообраќајната полиција го суспендираше движењето на возила во областа Ајгалео.
Причините за пожарот засега се непознати. Надлежните истражни службеници од противпожарната служба спроведуваат прелиминарна истрага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелските медиуми со различни резултати од излезните…
Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху…
ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски,…
Очигледно вечерва во СДС на смена е…
Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…
Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…
Песков: Путин и Трамп не разговарале за…
Претседателите на Русија и на Соединетите Американски…
Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…
На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…