Објавено на:

Голем успех – Рогов: Регионот Запорожје е подготвен да ја одбие украинската офанзива

t

Во областа Запорожје се подготвени да ја одбијат офанзивата на украинските војници, руската армија ги има сите можности за тоа, изјави Владимир Рогов, член на главниот административен совет на регионот Запорожје.

„Нашата армија е подготвена да ги одбие офанзивните обиди на украинските војници. Беше формирана сигурна линија на одбрана. Нашата армија има борбен дух и способност да се спротивстави на непријателот. Никој не ни помислува да попушти“, изјави Рогов за Спутник.

Според него, групата на руската армија на делот од фронтот околу Запорожје постојано се зголемува.

Западната верзија за создавање безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје, која предвидува демилитаризација на Енергодар, не е прифатлива, додаде Владимир Рогов.

„Западот заедно со Зеленски се обидува да ја протурка варијантата на таканаречената безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје. Тоа би било добро, но зборот „безбедност“ предвидува демилитаризација на Енергодар, каде што, ние совршено разбираме, борците на Зеленски гарантирано веднаш ќе се појават. Откако ќе ја преземат контролата над нуклеарната централа, не дај Боже, се разбира дека ќе се впуштат во уцени на многу повисоко ниво од денес“, објасни Рогов во емисијата „Соловјов во живо“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ не ги признава руските избори во…

Европската Унија остро го осудува одржувањето на…

Првата руска линија кај Запорожје е пробиена,…

Украинските сили ја пробија првата и најсилна…

Зеленски ги посети војниците во Запорожје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети регионот…

Се водат жестоки борби, Украина започна голема…

Службеници назначени од Русија и руски воени…

Русите тврдат дека украинска касетна бомба убила…

Воен дописник на руската новинска агенција РИА…