Гол и позлатен Трамп во Европскиот парламент: Сатирична статуа предизвика внимание во Стразбур
Сатирична статуа на американскиот претседател Доналд Трамп, прикажан гол и позлатен, е изложена во зградата на Европскиот парламент во Стразбур.
Делото на данскиот уметник Јенс Галсшиот е насловено „Портокалова чума“ и е познато и како „Крал на неправдата“. Скулптурата е висока околу 2,5 метри и е обложена со 23-каратно злато.
Трамп е прикажан како седи на рамениците на значително помал човек кој се наведнува под неговата тежина, додека во рацете држи палка за голф и вага.

Според авторот, делото претставува сатирична критика на начинот на кој се користи политичката моќ, како и на политиките на Трамп во однос на климатските промени и меѓународниот поредок.
Статуата е изложена на покана на данскиот европратеник Пер Клаусен од групата Левица и е поставена на една од најфреквентните локации во комплексот на Европскиот парламент.
Станува збор за привремена уметничка изложба, а поставувањето на скулптурата не претставува официјален став на Европскиот парламент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познат идентитетот на загинатиот воен пилот, се…
Авион МиГ 29 на српската армија од…
Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…
Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…
СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Милиони документи на Дојче…
Повеќе од 15 милиони доверливи документи и…
ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче,…
Денес СДС најави протест во Охрид каде…
Дијана Хрка: Очекувам да се утврди одговорност…
Дијана Хрка, мајка на Стефан Хрка, кој…