Горан Пандев – најдобриот играч кој во историјата играл за Интер и Наполи
Интер и Наполи во моментов се едни од најдобрите екипи во италијанскиот фудбал. Двата тима ќе одат на мегдан на отворањето на калчото во новата 2023 година, а медиумите направија интересна листа.
Пред пресметката на „Џузепе Меаца“, се одбраа петте најдобри играчи кои ги носеле дресовите на двата клуба низ историјата. А, на врвот е Македонец – тоа е Горан Пандев кој се покажа во одлично светло и во двата табора.
На второто место се наоѓа Салваторе Бањи, третопласиран е Валтер Гаргањо, а најдобрата петка ја комплетираат Хуго Кампањаро и Матео Политано.
Дерби-натпреварот во Серија А се игра во среда од 20:45 часот.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…