Горат трска и гуми кај Смилковското Езеро: Густиот чад се гледа од Центар

t

Густ црн чад се шири од Железара кон центарот на Скопје. Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, вели дека пожарот е на Смилковското Езеро, но веќе е под контрола.

„Горат трска и гуми на Смилковското Езеро. Пожарникарите веќе интервенираат“, кусо изјави командантот Томевски за „Макфакс“.

Чадот се забележува и од Центар, а жители на Автокоманда се пожалија дека се чувствува и смрдеа.

Од Центраот за управување со кризи потврдуваат дека има пожар и дека екипи на противпожарната бригада Скопје се на терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…