Горивата поскапуваат од 1,5 до два денари за литар

t

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денари за литар, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за два денариа за литар. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 84,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 87, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 73 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,505 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,079 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,946 отсто, кај дизелот за 4,784, кај екстра лесното масло за 4,793 и кај мазутот за 1,892 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,224 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…

Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…

Злато за Македонија – Узеир е европски…

Македонија го освои првиот златен медал на…

Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…

Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…

Повеќе од 30 членови на СДСМ од…

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…

Во Македонија 350 деца имаат дијабетес

Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…