Гори под Солунска Глава

t

Над селото Белица под Солунска Глава во Општина Македонски брод има активен пожар на висок и на непристапен терен. Гори ретка борова шума, сува трева и грмушки, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во гаснењето на пожарот, како што велат од ЦУК, интервенирале три пожарникари со едно теренско возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод.

Другите 10 изгаснати од вкупно 11 пожари во последното деноноќие на отворен простор биле во:

– Општина Чашка, кај с.Крива Круша (каде што горела сува трева и папрат);

– Општина Арачиново, кај с. Арачиново (ниска вегетација и ѓубриште);

– Општина Гази Баба, покрај Бул.„16 Македонска Бригада“ (ниска вегетација);

– Општина Центар, покрај ул.„Самуилова“ (запалено дрво);

– Општина Прилеп, кај с.Врбјани (ниска вегетација);

– Општина Чешиново – Облешево, два пожара, кај с.Облешево (стрниште) и кај с.Уларци (стрниште);

– Општина Куманово, с.Речица (ниска вегетација);

 – Општина Старо Нагоричане, два пожара, кај с.Пелинце (отпадоци) и кај с.Младо Нагоричане (каде што горела ниска вегетација и остатоци од насади од пченка). 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар зад Универзална сала

Пожар избувна предмалку во куќа на улицата…

Од 12:00 до 16:00 часот ќе се…

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што…

ЦУК: 22 пожари на отворено во последното…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…