Градоначалникот на Атина му порача на израелскиот амбасадор дека не прифаќа лекции од оние кои убиваат цивили
Не прифаќаме лекции по демократија од оние кои убиваат цивили, напиша на Икс атинскиот градоначалник Харис Дукас, реагирајќи на интервјуто за „Катимерини“ на амбасадорот на Израел во Грција, Ноам Кац, кој рече дека градоначалникот не прави доволно за да ги заштити посетителите од одредени групи и не го чисти градот од графити поради кои израелските туристи не се чувствуваат пријатно. Дукас посочува дека Атина, главниот град на демократска земја, „целосно ги почитува своите посетители и го поддржува правото на слободно изразување на своите граѓани“.
-Како локална власт на градот, ја имаме покажано нашата активна спротивставеност на насилството и расизмот и не прифаќаме лекции по демократија од оние кои убиваат цивили и деца додека чекаат во редици за храна, од оние кои секојдневно водат до смрт десетици луѓе во Газа – од бомби, глад и жед. Предизвикува згрозеност тоа што амбасадорот се фокусира само на графитите (кои очигледно се бришат), во време кога во Газа се случува невиден геноцид, напиша Дукас на Икс.
Израелскиот амбасадор во Грција, говорејќи за „Катимерини“ упати критики до Дукас, дека како градоначалник на Атина не прави доволно за да го заштити градот од организираните мали групи и не го чисти градот што „ги прави израелските туристи да се не чувствуваат пријатно“.
Дополнително вели дека графитите како оние „убивајте ционисти, спасете животи“ во пракса се „повик за акција и, се разбира, затоа се антисемитски“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Се судрија два противпожарни хеликоптери во…
Во текот на гаснењето на пожарот западно…
Познат адвокат во Атина до смрт претепан…
Во полн ек е истрагата за смртта…
Пукање во центарот на Атина: Четворица повредени,…
Грчката полиција започна потера по 89-годишен осомничен…
Атина воведува ограничување на туризмот: Има 700…
Атина не може да функционира како огромен…
„Сејф сити“ и во Атина, за два…
Во Атина почна да функционира новиот систем…