Град Скопје: Советникот Мартин Попов пред да шири пропаганда, да ги научи обврските и надлежностите на градот

t

Советникот во Советот на Град Скопје, Мартин Попов да ги научи обврските и надлежности на Градот, како советник кој е платен од буџетските средства на Градот, а истите се и средства на граѓаните, наместо да шири пропаганда и невистини со кои им штети и на Градот, но пред се на граѓаните. – Пишува во соопштението од Град Скопје доставено до медиумите.

Град Скопје уште во 2018 година побара од Владата на Градскиот енергетски систем (ГЕС) да му биде доделен топлификацискиот систем, но и покрај најавите на Владата, Регулаторната комисијата за енергетика (РКЕ) го одби барањето за доделување лиценца за вршење дистрибуција на топлинска енергија. Истото до денес не е реализирано и се води управна постапка за решавање на овој спор. Член 151 став 1 од Законот за енергетика може да важи само доколку ГЕС како претпријатие ја има лиценцата и е лиценциран дистрибутер на топлинска енергија до домаќинствата, што во случајот е јасно дека истиот закон не е на сила.

Уште еднаш го повикуваме советникот Попов, најпрвин да се консултира со стручни лица од областа на правото, како и со неговиот правен тим во СДСМ пред да излегува во јавност и пласира пропагандистички содржини подготвени од штабот на неговата партија. Да го потсетиме советникот Попов дека неговите јавни обраќања се во улога на советник во Советот на Град Скопје, за што е и платен од парите на граѓаните, а не како партиски гласноговорник.

Град Скопје нема ингеренции во носењето мерки со цел спречување на енергетската криза и токму затоа уште еднаш ја повикува Владата да покаже одговорност и итно да донесе јасен план за помош на граѓаните, како што би требало да постапува секоја Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…

Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Повеќе лица меѓу кои и две жени…

Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…