Град Скопје со одлични вести: Решени 1.550 барања од граѓани преку адресата [email protected]

t

На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 1.755 барања, од кои решени се дури 1.550. Најголемиот број граѓани на овој мејл имале прашања поврзани со даноците на имот, пријавиле проблеми поврзани со безбедноста на сообраќајот, односно барања да се постават платоа што ќе ги натера возачите да ја намалат брзината. Дел од барањата на граѓаните се однесуваат на комуналниот сектор за кастрење суви гранки, сечење стари и суви дрвја и уредување на јавни зелени површини.

На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Стево прифаќал ДЕБАТА, ама не одел!?

Лидерот на политичката партиј Левица, Димитар Апасиев…

Ковачевски му одговори на Мицкоски: Јас не…

Нема да дозволиме, порача лидерот на СДСМ…

Димитриевски напаѓа нов рекорд во Рајо Ваљекано!

Рајо Ваљекано не игра блескава сезона, но…

55-годишен скопјанец физички нападнат од три лица

55-годишен скопјанец пријавил во полиција дека бил…

Дмитро Кулеба ги дефинираше петте главни цели…

– Министерот за надворешни работи на Украина…