(Фото) Граѓаните направија “салата” од Премиерот во коментари: Намалете ги вашите плати на 18.000 – крадењето ја зголемува инфлацијата?

t

По зголемување на минималната плата на 18.000 денари, синдикалните организации бараа скалесто зголемување на платите во јавниот сектор за да се постигне усогласување, но не наидоа на разбирање од владата. Пред неколку дена голем дел од синдикатите одржаа протест, по кој владата оствари средба со СОНК.

Средбата не ги даде посакуваните резултати, а од СОНК најавија дека по одржаната седница донесена е одлука да настапат со генерален штрајк кој ќе започне од 11 април. Според најавите настава во училиштата нема да има, а во градинките нема да се примаат деца.

Бурни реакции во јавноста по однос на прашањето со платите во јавниот сектор, во јавноста предизвика изјавата на премиерот Димитар Ковачевски. Во своето гостување на Алсат телевизија, премиерот вели дека дијалогот со СОНК е отворен и дека се разговара за рамка, односно методологија која што ќе овозможи без политички влијанија во иднина да расте платата на работниците во овие дејности.

Ковачевски вели дека лично смета дека треба да има зголемување на платите во образованието, меѓутоа мора да бидеме свесни дека ова е најкризната година после Втората светска војна и мораме да се грижиме државата да може да ги финансира сите свои обврски што ги презеде.

Разговарав со претставниците на советот на Народната Банка, од причина што доколку ги зголемите платите колку што е вкупно барање на синдикатите, тоа може да произведе дополнителен инфлаторен притисок. А дополнителен инфлаторен притисок ќе значи дека и платата која ќе ја добијат работниците, таа после многу кратко време нема да вреди. Ако се зголеми инфлацијата тогаш обврската на Народната Банка е да интервенира преку зголемување на каматните стапки, што значи дека и долговите кои што ги имаат тие граѓани на тековни сметки на кредитни картички со зголемувањето на каматните стапки, ќе се зголемат и нивните обврски за плаќање. Затоа мора да се балансира решението помеѓу она што го бара синдикатот и она што го нуди како можност буџетот бидејќи веќе сите тие граѓани добиваат субвенција за струја, намалено ДДВ за храна итн, вели Ковачевски.

По изјавата за „инфлаторен притисок“ граѓаните му порачаа на Ковачевски тој и членовите на владата да си ги намалат платите за да има за народот и земјата да не се соочи со инфлаторен притисок. Побараа и кратење на непродуктивните трошоци како нарачките за мебел, кратење на патните трошоци. Дел од граѓаните цинично коментираа дека нема потреба да се зголемуваат платите, само е важно да има за политичарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Народот го нокаутираше Мицкоски: “ГНАСЕН ЧОВЕК, КАКО…

Македонскиот народ не е ниту неук, ниту…