Грета Тунберг се појави на протестот во Белград
Шведската климатска активиска денеска е во Белград, како што може да се види на видеа објавени на социјалните медиуми.
Таа беше во регионот во последните денови – во Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора, а ќе ја посети и Босна и Херцеговина.
„Се поврзав со локални активисти и научив многу за тоа како борбата за правда и чиста животна средина е неразделно поврзана со борбата против смртоносниот фашизам и национализам“, изјави Тунберг за порталот „Машина“.
Greta Tunberg trenutno u Beogradu!
Švedska klimatska aktivistkinjai putuje regionom poslednjih nedelja – od Albanije, preko Makedonije, Kosova, Crne Gore, do Srbije, sa planovima da poseti i Bosnu i Hrvatsku.
“Povezala sam se sa lokalnim aktivistima i naučila mnogo o tome kako… pic.twitter.com/fbKQLiQPFH
— Mašina (@MasinaRS) July 31, 2025
Грета Тинберг присуствуваше на блокадата во Нов Белград со неколку пријатели. Како што јавуваат српските медиуми, таа е дојдена Белград за да ја поддржи локалната борба за слобода, против корупцијата и против експлоатацијата на природните ресурси.
Во Македонија, беше дел од протестната блокада против изградбата на хидроцентрали на реката Дошница на Кожуф, каде заедно со локалните активисти учествуваше во дискусија за глобалните и локалните еколошки проблеми и предизвици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…
Турски државјанин на возраст од 25 години…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Крвав инцидент во центарот на Белград: 26-годишник…
Утрово во центарот на Белград е убиен…
(Видео) Отворањето на градилиште за луксузното одморалиште…
Компанија поврзана со Иванка Трамп и со…
Тешка несреќа во Белград: Трамвај се заби…
Во белградската населба Дорќол утрово се случи…