Грковска: Очекувам проширување на „црната листа“ на САД
Повлекувањето на законот за рестриктивни мерки од собраниска процедура предизвика низа шпекулации во јавноста иако техничката влада образложи дека тоа го прави поради административни причини. Законот предвидува сите оние кои се на „црните листи“ на САД и Обединетото кралство да подлежат на мерки и според македонското законодавство. Техничкиот премиер Талат Џафери имаше средба и со американската амбасадорка Анџела Агелер кој ја известил дека за овој предлог закон се прават дополнителни консултации и дека е предвидено повторно разгледување на владина седница. Од друга страна пак шефот на дипломатијата Бујар Османи рече дека законот треба да помина на владина седница во вторник.
Вицепремиерката за добро владеење која е во посета на Соединетите Американски Држави во интервју за Гласот на Америка порача дека очекува „црната листа“ да се прошири.
„Се надевам дека листата уште повеќе ќе се надополнува. Секогаш, велам, дека тоа е дополнителна помош од нашите меѓународни партнери, за да ги поттикнат домашните институции да си ја вршат својата работа. Меѓутоа, сепак, тоа претставува наша домашна работа, на домашните институции, на нашето правосудство, да ги покренат овие случаи, и да посведочиме дека има завршница и дека навистина некој одговара од високите профили обвинети за корупција, доколку навистина се огрешиле пред законот“, порача Славица Грковска.
Грковска додаде и дека со предлог законот за рестриктивни мерки ќе биде дефинирано како да се процесираат случаите и дека секој ќе имам последици од незаконски постапувања. Последните дополнувања на црната листа на САД беше со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, потоа и Орце Камчев но и Сергеј Самсоненко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…