Објавено на:

Грозоморно: Убиецот усмртил најмалку 10 лица во Цетиње, убиените деца имале 10 и 13 години

t

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Шарановиќ изјави дека според досегашните информации во Цетиње убиени се најмалку 10 лица.

Осомничен за убиството е Ацо Мартиновиќ, по кого трага полицијата. Како што беше претходно најавено, четири лица се тешко ранети.

Од полицијата соопштија дека по расправија во кафеаната, Ацо усмртил неколку лица, по што со крвавиот пир продолжил на три други локации каде меѓу другите лица усмртил и две малолетни лица на возраст од 10 и 13 години.

Министерот рече дека сите полициски оперативци се во Цетиње.

Осомничениот Ацо Мартиновиќ наводно е вооружен и користи моторно возило.

Полициски официјални лица вечерва изјавија дека во 2005 година тој бил условно осуден поради насилничко однесување. Во 2022 година полицијата против него превземала мерки и вршела претреси при што пронашла воздушна пушка и друго оружје и експлозив за кое бил првостепено осуден на три месеци затвор, пресуда која не е конечна бидејќи Мартиновиќ поднел жалба, а постапката е во тек.

Оружјето кое го користел при денешниот масакр, не е пронајдено, а полицијата вели дека го поседувал без дозвола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…

Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…

Телото најдено во буре е на српскиот…

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…

Апелација ја укина затворската казна за убиството…

Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…

(Видео) Тинејџери убија три лица во џамија…

Двајца тинејџери напаѓачи смртно застрелаа тројца мажи…