ГРОМ ја осуди воената агресија на Русија врз Украина

t

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, соопшти дека на централниот одбор на партијата е донесена одлука за осуда на воената агресија на Русија врз Украина.

Го пренесуваме соопштението во целост.

СООПШТЕНИЕ: ГРОМ ја осудува руската агресија врз Украина

На својата редовна седница на централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија се разгледуваше актуелната политичка состојба во Македонија и надвор од неа.

Централниот одбор на ГРОМ заклучи дека војната во Украина ќе има далекусежни негативни последици по економскиот стандард на сите граѓани во Европа а посебно се истакна опасноста од отпочнување на трета светска војна.

Од таму ГРОМ ја осудува руската агресија врз Украина и воедно бараме од западните дипломати час поскоро да започнат со сериозни преговори за да ја запрат војната, со цел да завладее траен мир со кој ќе се овозможи просперитет на украинскиот и рускиот народ и обезбедување на човекови прави на сите граѓани во украинската држава. -стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гром уби жена и маж на плажа…

Маж што продавал лежалки на плажа и…

 Гром запали куќи кај Зајечар, во Краљево…

Градот кој синоќа ја зафати Србија предизвика…

Трагедија во Софија: Гром усмрти три лица,…

Три лица се усмртени, а четврто се…

Државен завод за ревизија: Само ГРОМ и…

Државниот завод за ревизија денеска ги објави…

Гром запали плевна и куќа во Крива…

Невреметсо пороен дожд, силен ветер и грмотевици…