Груби и понатаму останува во куќен притвор

t

Поранешниот вицепремиер и министер Артан Груби останува во куќен притвор, со 24 часовно полициско обезбедување. Од Обвинителството информираа дека побарале продолжување на истата мерка за обезбедување на осомничениот, а Кривичниот суд го прифати барањето.

Груби по повеќе од 14 месеци бегство се врати на 23-ти февруари, но наместо да биде ставен во притвор во „Шутка“, тој издејствува куќен притвор поради безбедносни закани.

Груби беше приведен на 23 февруари годинава на граничниот премин Блаце.

Груби се терети за кривично дело „проневера во службата“ бидејќи заедно со Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија на Македонија нарачале ВЛТ апарати и проневериле 8,2 милиони евра државни пари. Груби ја раководител владината седница и го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.

Груби ја напушти Македонија во 2024 година по што за него беше распишана меѓународна потерница. Стејт Департментот на САД го стави Груби на црната листа заедно со судијата Енвер Беџети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара притвор за 31 годишникот кој…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Побаран притвор за 19 годишникот од село…

Обвинителството соопшти дека наредило обдукција на телото…

Ја влечел, па ја удирал со шлаканици,…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и…

Шестмина во притвор, четворица во куќен притвор…

Шест лица одат во притвор, осомничени за…

Го киднапирале, па му рекле дека ќе…

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за…