Груби: Можеби еден ден ВМРО-ДПМНЕ ќе се разбудат и ќе се освестат дека се проевропска партија па ќе ги гласаат уставните измени

t

Вицепремиерот Артан Груби вечерва во Само интервју на Канал 5 изјави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ можеби и ќе гласаат за уставните измени.

– Да бидам брутално искрен, освен нас никој од стратешките партнери не верува дека доколку има избори ВМРО-ДПМНЕ ќе ги гласа уставните измени. Во 2011 година имаше договор ВМРО-ДПМНЕ да прифати промена на име само за надворешна употреба да се реши проблемот со Грција, не го исполнија тоа, рече првиот вицепремиер.

Во моментот дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се под голем притисок од раководството, но нема потреба од паника и нервоза врз своите градоначалници, има потреба од лидерство за иднината на нашите граѓани. Во 2017 почнавме процес за општествено помирување после „Пржино“, пред „27 април“, со Груевски, Ахмети и Заев, рече Груби. Ниту сум видел, ниту сум сретнал некакво УСБ. Министерот за правда Лога не беше дел од овие разговори, драфтовите се разменуваа меѓу партиите од 2016 наваму и пред Алијанса да стане дел од владата, посочи Груби во вечерашното Само Интервју.

– Во 2016-2017 година почнавме процес со господинот Ахмети, господинот Заев и господинот Груевски за општествено помирување за време на Пржино. Се направи работна група од Оливер Спасовски, Никола Тодоров и јас и требаше да направиме драфт за општествено помирување по сите скандали од 2015 па навака. Имавме неколку состаноци, и еден состанок во Клубот на пратеници, по однос на оваа тема но на тој состанок не се разговараше за КЗ туку за општо помирување помеѓу политичките актери.

После тоа се направи смената дојде Мицкоски и прво негово барање, придружуван од професорката Каракамишева и други соработници беше измената во КЗ и членот 353, скоро на сите билатерални состаноци и лидерски средби тоа беше главно барање, при што СДСМ беше категорично против и по извесно време темата не беше актуелна но скоро сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски отстапи од тоа барање затоа што се скара со сите, со Данела Арсовска, со Американците, со Европа, со Груевски, сам со себе… Не знаеја што сакаат.

Измислувањето на тој член 353 е за да се гонат, контролираат и уценуваат своите сопартијци, од страна на еден поранешен министер за правда на ВМРО-ДПМНЕ, вели Груби кој смета дека ВМРО-ДПМНЕ може да гласа за уставните измени.

– Се што кажаа порекнаа, по таа логика може ќе гласаат и за уставните измени, може ќе се разбудат еден ден и ќе се освестат дека се проевропски настроени, вели Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Предлогот на Димитриевски е алиби да…

Во своето обраќање на митингот во Радовиш,…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

На граница е приведен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ…

Претседателот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово…

Најчевска: Алтернатива на СДСМ не е ДПМНЕ

Професорката Мирјана Најчевска се огласи со свој…

Бојкотираа НОБ, ОН, референцум, попис, бојкот е…

Ги читам соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос…