Груби: Сега е време да се отвори Уставот и да се решат сите отворени прашања

t

Првиот вицепремиер Артан Груби во гостување во емисијата #ClickPlus на ТВ21 рече дека ќе имало повеќе од 80 пратеници за уставните измени.

„64 моменталното мнозинство, 10 други пратеници од АА и БЕСА, тоа се 74 пратеници. 2 пратеници од Левица нема да гласаат сигурно. Значи остануваат само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не се сите од ВМРО, има и од другите помали партии. Верувам дека сите тие пратеници од коалицијата на ВМРО имаат европски убедувања“, вели Груби. „Сега пред да пристигнам во студиото на ТВ21 имав состанок со релевантни претставници од меѓународната заедница. Има оптимизам. Јас сметам дека ќе имаме повеќе од 80 пратеници за гласање на уставните промени. И убеден сум дека тоа ќе биде. ВМРО-ДПМНЕ е членка на ЕПП, имаме инфомрации дека има сериозни разговори и од ЕПП за да помогнат во процесот“, додаде тој.
Груби рече дека сега е време да се отвори Уставот и да се решат сите отворени прашања.

„Еве една идеја за која разговараме. Во Уставот овие 20 години сме детектирале многу недостатоци, еве сега ексклузивно за вас велам, да сега е време да се отвори Уставот и да се решат сите отворени прашања“, изјави Груби за ТВ21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…