Груевски ги подбра властите: Неспособни сте, корумпирани или и двете? Еве како се намалуваше невработеност од 2006. до 2016. година

t

Пишува Никола Груевски на Фејсбук:

Разорениот земјотресот кој никого не остави рамнодушен заради огромниот број жртви, исчезнати и повредени со епицентар во непосредна близина на Газијантеб во Турција, ме потсети меѓудругото и на една голема посета на околу 6-7 градови во 4-5 дена во Турција, заради вршење директна промоција во различни градови на можностите за инвестирање во Македонија во еден многу студен јануари со невообичаено многу снег во сите делови на Турција, можеби некаде во 2012 или 2013 година.

Имено, токму денот од таа недела кога беше т.н. “Роуд шоу” во Газијантеб се поклопи со мои политички средби во Турција, заради кои требаше да ја напуштам економската турнеја од град во град и да заминам на политичките средби, бидејќи тие беа важни како политички, така и како јавна подршка од турскиот претседател, премиер, министер за надворешни работи и други функционери од власта во Турција на нашите напори за привлекување инвеститори од нивната земја во Македонија, што е многу важен сегмент во таквиот вид промоција во таа земја. За турските инвеститори многу е важна насоката од нивната влада околу инвестирањата во странство.
Така мојот заменик ја превзема улогата на главен говорник во Газијантеб пред огромен број бизнисмени и потенцијални инвеститори од тој град и регион, додека јас на средината на престојот во Турција, на еден ден го напуштив “караванот”.

Тој јануари, ни беше втора економска посета во Турција со иста цел, посетувајки во двете прилики повеќе различни градови како Анкара, Истанбул, Бурса, Коње, Адана, Ескишеќир, Ќејсери, Газијантеб и мислам Мерсин.
Со државниот авион се преместувавме од град во град каде пред неколку стотици инвеститори држевме презентации а потоа се среќававме со најзаинтересираните еден по еден на поединечни разговори, разговарајќи специфики за нивна можна инвестиција во Македонија.

Посетата беше будно следена од турските медиуми.
Таков силен снег како тогаш во Турција не беше паднал долго време и невремето беше голема тема во земјата. Повеќе од половина од вестите беа поврзани со претрупаноста со снег и проблемите предизвикани од тоа. Се одлагаа многу настани, земјата беше мобилизирана да се справи со снежните наноси, беше еден вид кризна состојба и огромни сили беа мобилизирани да се надминат проблемите предизвикани од необичните врнежи на снег.
Ние во неколку градови имавме големи проблеми при слетување или полетување бидејќи аеродромските писти како што ги чистеа на едната страна од пистата, тие истовремено се натрупуваа со нов сне на другата, бидејќи снегот непрестајно и обемно паѓаше.

Се сеќавам на пример во градот Коње пилотите на малиот владини авион имаа големи предизвици и час или два го надлетувавме и вртевме кругови околу градот чекајќи дозвола за слетување. Пилотите правеа пресметки уште колку гориво имаат за ако не можеме да слетаме да имаме доволно гориво до некој друг град и аеродром, додека гледавме од авионот како екипи на аеродромските власти за чистење снег користејки и механизација и човечка сила ја чистеа и ни ја обезбедија пистата на аеродромот да има минимум услови безбедно да го прими владиниот авион.
Од таа причина на настанот пристигнавме со задоцнување и веднаш на почетокот се извинивме на говорница пред полната сала бизнисмени кои трпеливо не чекаа околу час и половина.

Утредента ненадејно нашата економска мисија во Турција стана медиумска тема во турските медиуми со една позитивна конотација, во правец колку симпатично делува тоа што македонската влада се бори да привлече инвеститори, па дури и во такво одамна незапамтено невреме кога многу јавни настани во Турција се одложија или одкажаа, кога се откажуваат летови, а мисијата која ја предводев не помести ништо од својата зацртана програма и во мошне екстремни временски услови со многу снег, бури и виулици, затворени аеродроми, отсечени региони, непроодни патишта, премиерот на малата балканска држава со неговиот тим се пробиваше од град во град носејќи ги пораките и поканата за турските инвеститори.

При тоа сите медиуми потсетија и повторија што всушност нуди Македонија на инвеститорите, кои се условите, предностоте и привелегиите кои им ги нудиме и тоа сосема спонтано и случајно беше најдобрата бесплатна реклама што Македонија како бизнис дестинација ја доби во Турција, вредна можеби подеднакво или повеќе од целото патување и обраќања пред инвеститорите.

Бидејќи тоа стана тема на насловните страни на весниците и во вестите на телевизиите, веќе утредента во следниот град многу инвеститори понесени од медиумските извештаи ни честитаа на упорноста и фанатичноста по секоја цена да ја завршиме планираната промоција на Македонија без одлагање, и се чуствуваше, но и отворено се зборуваше дека тоа ги охрабрува сериозно да размислат за инвестиција во Македонија бидејќи како што држејќи микрофон во раката еден бизнисмен рече: “штом ова го правите и вака ризикувате за да дојдете до нас, јасно ни е дека многу ви е важно да привлечете инвеститори од Турција, а тоа пак за нас значи дека ако дојдеме ќе имаме влада како стабилен и сигурен партнер која ќе стои зад нас во секој момент, и во добро и во тешко, што нам ни е многу важно!
Така се намалуваше невработеноста во земјата со највисока невработеност во Европа, каква што ја наследивме
Македонија кога дојдовме на власт во 2006 година со безмалку 40% невработеност.

И во духот на една мисла на чии автор не се сеќавам ќе парафразирам дека кога многу се трудиш и вселената ќе ти помогне!

Таа помош дојде токму преку таа неочекувана медиумска промоција на Македонија предизвикана од нашето упорно неоткажување, иако од повеќе страни ни дојдоа совети на самиот почеток да ја прекинеме и откажеме таа планирана посета, заради екстремните временски услови.

Штета што таков труд не гледаме веќе шест години во Македонија од оваа власт.
Каде ли ќе бевме сега во тој дел, колку ли нови фабрики и компании ќе се изградеа и ќе вработуваа илјадници невработени во Македонија ако таа посветеност продолжеше барем со половина интензитет и во активностите на новата власт?!

Неможејки да најдам рационален одговор зошто оваа власт ги прекина таквите напори и политики за привлекување на странски капитал и инвеститори, си мислам дека можеби како и за многу други работи тоа го прават од некој нерационален инает затоа што ние го правевме тоа, па ете да бидат различни! Макар и по лошо! Или можеби тоа е заради неспособност, посветеност на лични криминални и корупциски зделки, или посветеноста како што најавија пред да дојдат на власт за редефинирање на државата кое се сведе на сите можни одстапки на националните интереси. Или можеби се заедно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер…

Хенри Кисинџер важи за комплексна и контроверзна…

Поликлиниката Железара доби дигитален мамограф и ултразвучен…

Поликлиниката Железара доби нова медицинска опрема –…

Политико: Шолц направи измама за Орбан да…

Германскиот канцелар наводно му рекол на унгарскиот…

Апсење во Горно Соње: Уапсено лице барано…

Во скопското село Горно Соње денеска во…

Киев: Скептицизмот за Украина расте глобално

Шефот на дипломатијата Дмитриј Кулеба се спротивстави…