Груевски до СДСМ: Попаметно е пред избори да си молчите за…

t

НЕ Е ПАМЕТНО СДСМ ПРЕД ИЗБОРИ ДА ЈА ОТВАРА ТЕМАТА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА ВО КУЛТУРАТА

Вака, како во оваа изјава на фотографиите подолу, “се започнуваше” универзалната сала во Скопје, а особено пред избори. Не еден, три проекти им оставивме. Да бираат. Еве ја стои каде што беше.

Со идеен проект не се добива градежна дозвола за театарот во Прилеп, туку со основен проект. Покажете го барањето за градежна дозвола на јавност ако постои.

Во 2017 година оставивме завршен основен проект со извадена градежна дозвола за театарот во Прилеп.

Оставивме не само проект и градежна дозвола, туку и одбрана фирма за градење за нов објект на Драмски театар во Скопје. Останаа старите дотрајани бараки.

Оставивме проект и за нов театар во Охрид, како и нов објект на театарот “Комедија” во Скопје кој е сместен во одамна дотраени бараки.

Оставивме ново изграден објект на МНТ, кого свесно не го одржувате,се радувате на секоја скршена плочка и веднаш каните медиуми, за да ја девалвирате нашата работа. Секој објект ако не се одржува ќе пропаѓа. А секоја власт е одговорна да ги одржува државните објекти и народот по тоа ве цени, па наместо да добиете, вие губите подршка токму заради тоа не одржување.

Добро е што дозволивте да функционира новиот објект на филхармонијата во Скопје, бидејќи едно време и за тоа бевте во дилема, па 2-3 месеци не работеше. Па сега во тој објект и во двете спортски сали изградени во мојот мандат (салите Борис Трајковски и Јане Сандански) како и во тогаш изградената арена Филип Втори за која вашите првенци го плашеа народот дека ќе паднеле трибибите, се одржуваат сите поголеми културни настани.

Ви оставивме до половина изграден театар во Струмица. Седма година нема ништо од довршувањето. Не се сите во Стумица како Заев кој изјави дека неговата (тогаш идна) власт нема да инвестира “во театри, музеи И СЛИЧНИ ГЛУПОСТИ”. Тоа што е за него глупост, за повеќето е потреба.

Оставивме изграден објект со завршена карабина на турскиот театар во Скопје. И тоа стои таму каде беше. Едвај ја довршивте реконструкцијата на објектот на албанскиот театар кој ви го оставивме 95% завршен, а новиот објект на театарот и библиотеката во Тетово го оставивме во градба, и сеуште е во градба.

Нема да правам споредби, со инвестициите кои ги направивме во опремување на театрите и нивно реновирање. Бидејќи нема со што да споредуваме.

“Го видовме” и филмскиот град на Џон Малкович што пропагандно го најавувавте пред неколку години..

Го избришавте како со гума проектот за кој беше избрана и фирма изведувач за обнова на римскиот отворен театар Скупи, во Скопје со проектирани 9.000 седишта.

Добро е што под ваша власт опстана Музејот на макеоднската борба за кој се заканувавте дека ќе го затворите, а сепак масовно го користете за настани, како и археолошкиот музеј од кого испразнивте се што ви кажаа грците и Музеите на Тоше Проевски и Мајка Тереза. За сите овие изградивме нови објекти.

Добро е што не ја урнавте Портата Македонија, како и недовршената споменична композиција за Мајка Тереза, која преживеа благодарение на писмена интервенција на Папата до претседателот на Македонија.

Полошо поминаа спомен куќата ма Д-р Христо Татарчев во Ресен и комплексот Македонско село кои без никаков основ и потреба го затворивте и ги оставивте на забот на времето, инвестиции во кои се вложени народни пари и во кој народот уживаше. Два помали завршени и готови и еден недовршен музеј стојат горе на Кале, со предмети конзервирани , музеј на праисторијата и отоманскиот период, како и музеј на христијанскиот период. Не помисливте да го погледнете.

Во делот на инвестициите во археологија нема во што да се споредиме. Годишно се ископува по околу 20 илјади вредни предмети, од кои на крајот на годината се изложуваа на специјална изложба за јавноста 4-5 илјади најатрактивни од нив. Седма година по ред, еден ископан археолошки предмет не покажавте.

И да не продолжувам…

Подобро за Вас е пред изборите да си молчите на оваа тема наречена капитални инвестиции во културата.

*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе…

Носителот на изборната листа четири на СДСМ…

Кoвачевски: СДСМ не прифаќа никакви условувања и…

„СДСМ не прифаќа никакви условувања и со…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Ковачевски од Неготино: Македонија треба да гласа…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва од…

Граѓаните што гласаа за ЗНАМ, практично, гласаа…

Максим Димитриевски и неговата партија ЗНАМ имаат…