Груевски: Жалам што после седум години ветување и не започнување со реновирање на универзална сала, не грижата на владата заврши со маестрален неуспех и уништување

t

Пишува Никола Груевски на социјалните мрежи:

УНИВЕРЗАЛНА САЛА И КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР

Жалам што после седум години ветување и не започнување со реновирање на универзална сала, не грижата на владата заврши со маестрален неуспех и уништување.

Сепак, се е подготвено универзална сала да почне да се гради веднаш, поточно веднаш уште оваа недела да се објави јавен повик за изведувач на градежните работи и за надзор.

Како да сме знаеле и како да сме мислеле дека ќе дојде толку неспособна влада, што ќе ја закашка работата до степен на целосно уништување на објектот, па на време сме подготвиле сѐ.

Има два целосно завршени проекти за нов објект на универзалната сала. Едниот е нешто поскап но многу импресивен, уникатен, ремек дело на модерната архитектура, со примеси на футуризам и би бил нов уникатен објект и обележје на градот. Тој е предвиден со поголем број седишта од веќе поранешната универзална сала, поточно 2.500 седишта, плус три или четири нови помали сали и 13-14 соби за средби, за да биде целокупен конгресен центар а не само една сала за универзална употреба. Така би бил многу по профитабилен и самоодржувачки.

Вториот е нешто помал и секако поевтин објект, каде главната сала е иста по број на седишта како поранешната универзална сала со 1.500 седишта. Овој објект ќе ги задоволи минималните потреби за конгресен центар, со три придружни помали сали и 6-7 соби за средби, но овој објект не е во таков обем и уникатност на објектот како првиот.

Сепак, тој е поевтин од првиот.

Може да одберат еден од нив и ако искрено сакале и планирале на Скопје да му обезбедат објект од ваков тип повторно во функција, можат веднаш.

Кој и од двата да го одберат, ако и тој им изгори, имаат уште еден.
И двата проекти се целосно платени и стојат во просториите на Министерството за култура.

Подолу по две фотографии од двата објекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каевски: Ги отфрлам сите обвинувања, убеден сум…

Дарко Каевски се огласи на својот профил…

Инфлацијата во Еврозоната изнесува 2,4% во април

Инфлацијата во еврозоната се задржа на 2,4…

На денешен ден војниците на Црвената Армија…

На денешен ден, 30 април 1945 година,…

Сијарто: Крај на војната во Украина и…

Конфликтот во Украина мора брзо да се…

Јавниот долг на крајот на првиот квартал…

Министерството за финансии денеска ги објави податоците…